Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грат му порача на Карим Бензема дека вратата во репрезентацијата му е затворена и за него нема враќање во националниот дрес.
Бензема во моментов е најдобар стрелец во Ла Лига со девет гола, во анкетата на „Л’Екип“ дури 68% од читателите гласале дека треба да се врати во репрезентацијата. Бензема е во немилост од познатиот скандал со видеоснимки со сексуална содржина на соиграчот Валбуена. Бензема го уценуваше, а кога се дозна за тоа во јавноста беше исфрлен од репрезентацијата.
„Тој е магаре. Направи глупост, воопшто не размислуваше, а не е повеќе ниту омилен во репрезентацијата. Тој е одличен фудбалер и фудбалските квалитети воопшто не се во прашање. Но, за Франција повеќе нема да игра“ – вели Ле Грат.
Претходно, Карим Бензема за Франција одигра 81 натпревари постигнувајќи и 27 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА