Кристијано Роналдо призна дека тренерот Маурицио Сари бил во право кога го заменил на двете последни средби потврдувајќи ги и тврдењата на италијанскиот стручњак дека не е во најдобра форма.
Португалецот го прекина молкот за наводната кавга со Сари отфрлајќи ги тврдењата за расправија со тренерот.
„Во последните три седмици бев лимитиран поради повредата и не играв најдобро. Ниту еден фудбалер не сака да биде заменет, но овојпат Сари беше во право, затоа што играв повреден. Едноставно не бев 100% фит“, изјави Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА