Македонскиот селектор Игор Ангеловски застана во одбрана на Елиф Елмас откако Наполи објави дека планира да го санкционира нашиот репрезентативец поради давање на интервју во периодот на медиски бојкот на „наполитанците“. Ангеловски во изјава за италијанското радио „Пунто Нуово“ истакна дека Елмас со својот однос не заслужил да биде казнет.
„Јас не сум тој што треба да кажува што треба Наполи да прави, но сметам дека Елмас не треба да биде казнет. Тој е голем професионалец и кога ќе дојде во репрезентацијата и нашите новинари го прашуваат за животот во Наполи. Тој не кажа ништо погрешно“ – истакна Ангеловски.
Кормиларот на македонската репрезентација обелодени и каква била првичната реакција на Елмас откако било објавено соопштението на „наполитанците“.
„Тој можеби беше изненаден, но не ие разочаран, бидејќи има толку силен карактер. Елиф е голем професионалец, секогаш со најголеми комплименти зборува за Неапол, среќен е што е дел од Наполи и затоа сметам дека е некоректно да биде донесена одлука тој да биде санкциониран“ – вели Игор Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА