Промени во најава: Антиќ со „клоца“ за Гечевски

Привременото примирје во КФСМ ќе биде прекинато и ќе резултира со смена на Комесарот за натпреварување, Лазар Гечевски, потег што се очекува да биде официјализиран во најскоро време.

Претседателот Перо Антиќ воопшто не е задоволен од сработеното од страна на Гечевски, во кого највисокото раководство на „куќата на кошарката“ гледа како главен виновник за низата пропусти во работењето во текот на ланската, но и на стартот од новата сезона.

Челниците на мак-баскетот веќе ја стартувале потрагата по нов комесар, а како еден од главните кандидати се наметнува Владимир Цветковски, кој своевремено ја извршуваше оваа функција додека на чело на КФСМ се наоѓаше Петар Наумоски.

Се вчитува...