Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Андријана Поп Арсова го освои бронзениот медал на Балканското првенство во маратони кои се одржа во Белград, Србија. Во истата конкуренција Весна Кираџиева заврши како седмопласирана.
Во екипна конкуренција нашиот тим составен од Поп Арсова и Кираџиева го освоија сребрениот медал, а подобра од нив беше екипата на Србија.
Во машка конкуренција Марјан Бонев го освои десеттото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА