Израел допатува во Скопје со намера да победи. Нема шанси да го освои третото место во групата на крајот од овие квалификации, но сака победнички да го заокружи циклусот. Селекторот Андреас Херцог вели дека Захаби и Дабур се во добра форма и од нив очекува погодоци.
„Ќе биде ова меч на две селекции кои посакуваат победа за крај. Но, и сите ние многу грешевме низ квалификациите. Полска и Австрија беа најконстантни и затоа се пласираа на ЕП 2020. Иако немаме шанси да бидеме трети, ќе сториме се за да победиме. Сепак, јасно е дека не очекува неизвесен натпревар, Македонија е квалитетна селекција и ќе ја има поддршката од публиката. Ќе играме отворено, верувам дека и Захави и Дабур ќе бидат на висина на задачата“, изјави Андреас Херцог на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч против Македонија.
Во овие моменти израелците го одржуваат и официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА