Долгогодишниот ракометен судија Димитар Митревски е именуван за нов директор на ракометната репрезентација на Македонија, на денешниот состанок на Управниот Одбор на РФМ. Мандатот на Митревски ќе се однесува само на периодот до крајот на европскиот шампионат.
„Сакам да му се заблагодарам на Чакаревски на добрата соработка во изминатиот период. Сепак, сега е време за нови активности. Мој предлог како претседател е да се ангажира директор на репрезентација со договор до крајот на овој европски шампионат. Мој предлог за таа функција е Димитар Митревски, долгогодишен судија кој е добро запознаен со случувањата во нашиот ракомет и во националниот тим“ – изјави претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
Митревски доаѓа на оваа функција на местото на Милчо Чакаревски, кој си замина од функцијата минатиот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА