Жозе Мурињо е нов тренер на Тотенхем

Жозе Мурињо не може без Премиер-лигата. Именуван е за менаџер на Тотенхем неполн ден по отказот што го доби Маурисио Покетино. Поранешниот предводник на Челси и на Манчестер Јунајтед потпишал договор до крајот на сезоната 2022-23 година.

„Квалитетот на првиот тим, но и на Академијата ме возбудува. Ме привлече работењето со овие играчи“ – рече Мурињо по објавата на соработката.

Мурињо по отказот од Манчестер Јуанјтед остана да живее во Лондон и беше поврзуван со неголку европски гиганти. Додека немаше клуб работеше како анлитичар за „Скај спортс“. Португалецот има три премиерлигашки титули и трофеј во УЕФА Европа лигата со Манчестер Јуанјтед.

 

Се вчитува...