Покетино прв фаворит за клупата на Баерн Минхен

Веста за отказот на Маурисио Покетино во Тотенхем во фудбалската јавност одекна како бомба, но судејќи по шпекулациите кои доаѓаат од Германија, тој нема долго да остане без ангажман.

Уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк, кој прв ја објави веста за смената на Нико Ковач, сега направи вистински хаос на „твитер“ пишувајќи за смената на Покетино…„Зимата доаѓа“, истакнувајќи дека „баварците“ сега имаат главен кандидат за тренерската позиција.

Германскиот клуб неодамна објави дека до крајот на првиот дел од сезоната клубот ќе го води помошникот Ханс Флик, а потоа ќе мора да ангажираат нов предводник на стручниот штаб.

 

Се вчитува...