Десниот бек Сергеј Сулима е нов ракометар на Бутел Скопје. Тој потпиша договор со скопскиот клуб што ќе стапи на сила од пролетната полусезона Сулима потекнува од составот на Авиатор Киев, потоа беше дел од Мотор Запорожје, ЗНТУ ЗАС, Портовик Јужњи, а играше и за турските Мерсин, Селка, Трабзон и Измир. Во Македонија тој настапуваше и за Работнички.
„Ова е нов предизвик во мојата кариера. Екипата на Бутел Скопје е амбициозна и ќе биде добра средина за мене. Очекувам да бидам еден од лидерите на тимот и да придонесам за уште подобри резултати. Мојот сонародник Богдан Панченко ми кажа само убави работи за раководството и за екипата, која е како семејство, па немав дилеми кога требаше да потпишам“, изјави Сулима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА