Германскиот Кил ќе остане на првото место во групата Б од ракометната Лига на шампионите на крајот од 2019 година, но загуби планиран бод на домашен терен против Мотор Запорожје. „Зебрите“ одиграа 32-32.
На полувреме Кил имаше негатива од еден гол (16-17), успеа во второто полувреме да направи и пресврт, да поведе со 29-27, но на крајот сепак дозволи противникот да се врати и да освои бод.
Кил по девет одиграни меча има 14 освоени бода, три повеќе од Монпелје кој в сабота го пречекува Порто. Европскиот првак Вардар се наоѓа на петтата позиција со девет освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА