Металург повторно остана без тренер. Зоран Кастратовиќ го најавил своето заминување од клупата по вечерашниот тесен триумф над Вардар Јуниор (31-33). Неофицијално, тој не можел да ги спроведе своите идеи во тимот поради одредени недоразбирања со дел од ракометарите.
Ова доаѓа во незгоден момент, во пресрет на реванш мечот против Горење Велење во ЕХФ купот. Во текот на утрешниот ден најверојатно ќе следуваат и поконкретни информации од клубот, дали ќе биде прифатена оставката на Кастратовиќ.
Металург сезоната ја започна со српскиот тренер Дамир Стојановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА