Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд и во наредните девет години ќе носи спортска опрема „Пума“. Според новиот договор, клубот ќе добие спонзорство од фантастични 250 милиони евра. Раководството се обврза на соработка до 2028 година.
„Пума“ од 2012 година е официјален спонзор на спортската опрема на „милионерите“.
„Го продолживме договорот со „Пума“ под многу подобри услови од досегашните и среќни сме што ќе имаме соработка уште долго време. Се надеваме на заеднички нови успеси“, истакна техничкиот директор на клубот, Карстен Крамер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА