Маркус Рашфорд минатото лето го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, а главниот напаѓач на тимот вели дека во ниту еден момент не се сомневал во тоа дека сака да остане на „Олд трафорд“. Тој вели дека одлично се сложува со менаџерот Солскјер и дека верува дека тој е правиот човек за клубот.
„Оле го сака истото што и јас. Тој е сјаен човек и во срцето му е интересот на клубот. Затоа нема подобар човек од него за позицијата менаџер на Манчестер јунајтед“, изјави Рашфорд.
Јунајтед е на седмото место на табелата во Премиерлигата со 16 поени, девет помалку од четвртопласираниот Манчестер сити. Во следното коло од англискиот шампионат „црвените ѓаволи“ му гостуваат на Шефилд јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА