Анадолу Ефес го доби дербито во 10. коло од Евролигата славејќи на гостувањето во Милано со 76-81 за преземање на врвот во најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување.
Турците до триумфот ги предводеше Тибор Плеис со 14 поени и 12 скока, а 17 поени запиша и Шеин Ларкин. Во поразениот состав се издвоија Родригез и Мицов со 11 односно 10 поени.
Кошаркарите на Црвена Звезда се вратија на победите во Евролигата триумфирајќи во Каунас против Жалгирис со 59-61.
Били Берон беше најефикасен во победничкиот состав со 14 поени, два помалку запиша Лоренцо Браун. На спротивната страна по 11 поени имаа Улановас и Григонис, додека Лендејл додаде 10.
Во останатите мечеви Валенсија со 89-84 на домашен терен славеше против Химки, додека Олимпијакос убедливо со 80-99 триумфираше на гостувањето против Алба Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА