Фудбалската репрезентација на Македонија го освои третото место во квалификациите за ЕП 2020, но сега фокусот е повторно на Лигата на нации и двата чекори со кои може да обезбеди пласман на Европското првенство преку плејофот од новоформираното натпреварување.
Во март следната година Македонија на домашен терен ќе игра против Косово во полуфинална пресметка, а доколку има среќа на денешниот ждреб во УЕФА, можно е да добие и организација на финалниот бараж меч. Се разбира, доколку успее да го победи Косово во полуфиналето.
Противник во финалето ќе биде подобриот од второто полуфинале, Грузија – Белорусија. УЕФА денеска точно напладне со ждрепка ќе одлучи која земја ќе биде домаќин на финалниот бараж-меч од Лигата Д.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА