Борусија Дортмунд се посрамоти на синоќешниот натпревар против Падерборн, на кој „милионерите“ едвај стигнаа до реми од 3-3 против „фенерџијата“ на табелата во Бундес-лигата. Навивачите гласно бараа смена на тренерот Фавр по срамното прво полувреме во кое Борусија губеше со 0-3, а впечатокот не го поправија ниту трите гола на „милионерите“ во вторите 45 минути.
„Ова беше катастрофа, првото полувреме беше најслабото откако јас сум во клубот. Единствена добра работа е што дадовме три гола и избегнавме пораз, но јасно е дека вакво нешто не смее да ни се повтори“ – изјави Фавр по натпреварот.
Весникот „Билд“ најавува дека е огромна веројатноста дека швајцарскиот стратег во следните денови ќе добие отказ, откако стана јасно дека несогласувањата меѓу него и голем дел од екипата се премногу сериозни за да бидат игнорирани.
Проблем повеќе е што Пако Алкасер се повреди во првото полувреме против Падерборн, па најдобриот напаѓач на „милионерите“ го очекува нова пауза од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА