Работнички промашуваше, па Македонија ЃП си ги собра бодовите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Наџи Шенсои дебитираше со триумф на клупата на Македонија ЃП. „Лавовите“ стигнаа до победа по седум кола, а Работнички оваа сезона брои премногу порази. Никако не им оди на гости на „романтичарите“, губат бодови и кога играат добро. Но, за да се освојат бодови, потребни се и голови.

Тимот на Марјанчо Андрески денеска во Ѓорче Петров создаде шанси, но попусто кога не ги реализираше. Ален Јашароски и искусниот Боби Божиновски покажаа како треба да се затресе мрежата…

 

Се вчитува...