Баерн е чекор поблиску до врвот на бундеслигашката табела откако баварскиот гигант попладнево триумфираше со 0-4 на гостувањето против Фортуна Дизелдорф. Роберт Левандовски не успеа да се запише во листата на стрелци, со што беше прекината неговата серија што траеше од самиот старт на сезонава, дури единаесет бундеслигашки натпревари на кои најдобриот стрелец на Баерн постигнуваше најмалку по еден погодок.
Павар ја отвори серијата голови во Дизелдорф, а по францускиот дефанзивец стрелци за Баерн беа и Толисо, Гнабри и Кутињо.
Лидерот Борусија Менхенгладбах неочекувано загуби со 2-0 на гостувањето против Унион Берлин, по што водечката екипа на табелата сега има само еден бод предност во однос на Баерн.
Шалке како гостин го совлада Вердер со 1-2, додека Ајнтрахт преполовен од бројните повреди загуби пред своите гледачи од Волфсбург со 0-2.
Резултати Германија:
У. Берлин – Борусија М. 2-0, Фортуна Д. – Баерн о-4, Вердер – Шалке 1-2, Ајнтрахт – Волфсбург 0-2, Баер Л. – Фрајбург 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА