Македонскиот репрезентативец, Крсте Велкоски го запиша и својот втор гол сезонава во дресот на Сараево. Велкоски беше стрелец во победата на гостувањето против Вележ во Мостар во рамките на 17. коло во Првата лига на Босна и Херцеговина.
Гостите славеа со 2-1, во мечот во кој македонскиот напаѓач погоди за 1-0 уште во 13. минута од средбата…
Велкоски ги одигра сите 90 минути. На спротивната страна, за Вележ настапија и Јани Урдинов и Коста Манев. Сараево по 17 одиграни натпревари, со 35 бода, е на првото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА