Шкупи отсекогаш бил тврд орев за Вардар, некогашниот ривалитет се покажа и денеска како проблем за вардарци кои не успеаја да освојат три бода. Поведе лидерот со голот на Реис Жуниор, но Диак со прекрасен гол донесе израмнување за Шкупи и еден бод замина за Чаир.
Овој резултат сигурно и се допадна и на Шкендија, која славеше убедливо против Ренова и направи два чекори напред во намалувањето на негативата во однос на Вардар. Сега Шкендија заостанува седум бода зад вардарци, а пред две кола беа 12…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






































