Српскиот кошаркар Никола Калиниќ ќе мора да оди на операција, поради скршеница на носот, соопштија од Фенербахче. Калиниќ во неделата го заврши мечот со Дарушафака со скршен нос, поради што веднаш беше префрлен во болница.
Како што се наведува во соопштението Калиниќ по операцијата ќе го чека период на опоравување под надзор на лекарскиот тим на истанбулскиот клуб. Фенербахче следниот натпревар ќе го игра во Евролигата на домашен терен против рускиот Химки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА