Дивеењето на Шверцери ќе биде пријавено во полиција

Дивеењето на Шверцери во МНТ за време на петочната прослава на 30-годишнината од постоењето резултиртало со оштетување во најголемата културна институција во државава. Искинат е тапцирот на солчињата и откронати се орнаменти од ѕидовите. Проади ова по консулатација со правниот тим и со Владата, случајот ќе биде пријавен во МВР, најавува за поратлот  САКАМДАКАЖАМ.МК., директорката, Симона Угриновска.

„Прославата беше во организација на Владата и ми беше кажано дека ќе има два настана. За првиот официјален дел, свечената академија, на кој присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бев во координација со портпаролот на Владата Мухамед Хоџа. За вториот настан, координатор беше Артан Груби и тој ми кажа дека ќе има само проекција на документарен филм за 30 години постоење на Шверцери“ – вели Угриновска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Однесувањето на навивачите на Шкупи првилече внимане кога се појавија видеа на кои се гледа дека челнови на групата Шверцери стојат на столиците и висат по реквизити и го штетуваат инвентарот во салата на театарот.

Се вчитува...