На Русија може да и биде одземен делот на кој треба да биде домаќин на Европското фудбалско првенство следната година. Ова откако ВАДА побара на Русија да и биде забранета организација на спортски натпревари со рок од четири години. Земјата е и под закана да и биде одземено и правото на учество на Летните олимписки игри во Токио кои исто така ќе се одржат наредното лето.
Специјалниот комитет на ВАДА препорача серија мерки откако руската анти-допинг агенција беше прогласена за некооперативна во објавувањето на потребните податоци. Еден од предлозите е да се одземе правото на организација на настан кој е веќе доделен, со исклучок на ситуации во кои тоа е „правно и практично неможно“.
Токму оваа клаузула може да биде спасот за Санкт Петербург кој треба да биде домаќин на дел од натпреварите од ЕВРО 2020 во групната фаза, како и на едно четвртфинале. Конечната одлука ќе биде однесена на 9. декември на состанок на ВАДА во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА