У18: Пораз на првата контрола со Србија

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 18 години претрпе минимален пораз од 0-1 на првиот дуел од двомечот против селекцијата на Србија што се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Клучен момент на натпреварот беше 55. минута, кога по едно невнимание на нашата одбрана најдобро се снајде Кременовиќ, кој потоа ја смести топката во мрежата на голманот Китановски.  Македонија имаше убава шанса да израмни на пет минути до крајот, но српскиот голман со одлична интервенција го запре ударот на Дамјан Трајановски.

Вториот меч меѓу селекциите на Македонија и Србија до 18 години ќе се одигра в четврток, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 11:00 часот.

Нашата репрезентација предводена од селекторот Шкумбин Арслани натпреварот го започна во следниот состав:

Македонија: 1. Кристијан Китановски, 3. Аљтрим Јакупи, 4. Виктор Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Иван Николов, 9. Азер Омерагиќ, 11. Методи Максимов, 13. Бенјамин Далипи, 15. Имран Фетаи, 19. Марио Илиевски, 21. Хамза Рамани;

12. Иван Николовски, 22. Кире Новаков, 2. Јасин Муше, 5. Александар Ѓурковски, 6. Спасе Терзиев, 10. Лука Станковски, 14. Адас Рамадани, 16. Луан Абази, 17. Анатолиј Петејчук, 18. Лавдрим Љатифи, 20. Фитон Адеми, 23. Дамјан Трајановски; 

Се вчитува...