Фудбалската репрезентација на Косово како своја историска шанса за пласман на ЕП 2020 го доживува полуфиналниот натпревар против Македонија во плеј-офот од Лигата на нациите кој ќе се игра во март следната година.
Токму поради тоа, од Фудбалската федерација на Косово, како нова членка на ФИФА, најавуваат натурализирање на уште тројца истакнати фудбалери со потекло од Косово кои настапуваат во шампионатите на Швајцарија и Германија. Со нив очекуваат дополнително засилување на репрезентацијата која ќе се бори за триумф во Скопје и пласман во финалето од Лигата на нациите.
„Точно е дека веќе разговараме со тројца фудбалери од Швајцарија и од Германија кои досега немаат сениорски репрезентативен настап за ниту една селекција, а искажаа желба да играат во иднина за репрезентацијата на Косово. Разговорите се во тек и очекувам наскоро тие да добијат право за настап за Косово и да бидат на располагање за плеј-оф натпреварите од Лигата на нациите. Засега имињата нека останат тајна уште малку“ – вели претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми.
Полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово ќе се игра на 26. март следната година со почеток од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА