Португалскиот мегаталент Жоао Феликс, кој за 126 милиони евра од Бенфика се пресели во Атлетико Мадрид, ја доби наградата „Златно момче“ која традиционално ја доделува италијанскиот спортски весник „Тутоспорт“. Тој доби 332 гласа во изборот, речиси двојно повеќе од Џејдон Санчо (175 гласа) од Борусија Дортмунд. На третото место се најде Каи Хаверц, фудбалерот за врска на Баер Леверкузен (75 гласа).
„Горд сум на оваа награда. Вторпат во историјата фудбалер на Атлетико Мадрид ја добива наградата, но би сакал да се заблагодарам и на Бенфика“, изјави Жоао Феликс.
За најдобар млад италијански фудбалер е избран голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, а најдобра млада фудбалерка во Италија е Џада Греџи од Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА