Зидан може да здивне, Азар ќе биде „фит“ за „Ел Класико“

Еден Азар влезе во одлична форма, но заработи повреда на синоќешниот дуел в ПСЖ, по што во таборот на Реал Мадрид завладеа загриженост дека најскапото летно засилување ќе го пропушти големото дерби со Барселона закажано за 18 декември.

Сепак, деталните лекарски прегледи донесоа добра вест за „кралевите“, откако беше утврдено дека станува збор за „надворешна повреда“ и нема проблем со коската.

Лекарите препорачаа пауза од околу десет дена, што значи дека Азар нема да може да настапи на претстојните средби со Алавес и со Еспањол, а неизвесен е неговиот натап на последниот меч од ЛШ против Бриж на 11 декември. Сепак, важно за Зидан е што одличниот офанзивец би требало да биде во комбинација за двете тешки гостувања на средина од месец декември, она на „Местаља“ против Валенсија на 15 декември, како и дуелот со Барса на „Камп ноу“ закажан за три дена подоцна.

Се вчитува...