Роберт Просинечки повеќе не е предводник на фудбалската селекција на БиХ откако хрваскиот стручњак спогодбено го раскинал договорот како предводник на овој национален тим.
„Синоќа имавме состанок со Просинечки, спогодбено ја прекинавме соработката. Денеска телефонски се слушнавме со останатите членови на Извршниот одбор, по што ја донесовме конечната одлука“ – изјави потпретседателот на Фудбалскиот Сојуз на БиХ, Молорад Софрениќ.
Интересно е што куќата на фудбалот во БиХ пред неколку месеци ја одби понудената оставка на Просинечки, за сега да реши да се раздели од стратегот што бележеше добри резултати во Лигата на Нации.
Босанците во плејофот од Лигата на Нации на 26 март ќе ја пречекаат Северна Ирска, дуел за кој најверојатно на клупата на оваа репрезентација ќе се врати Сафет Сушиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА