Момчето кое го воодушеви Мурињо: Жозе ми го разубави животот…

Еден од најдобрите потези од петтото коло во Лигата на шампионите беше во Лондон на мечот меѓу Тотенхем и Олимпијакос.

Детенцето задолжено за собирање на топките покрај аут линијата, реагирајќи експресно додаде топка до играч на Тотенхем по што следеше погодок за домашните. Тимот на Жозе Мурињо славеше на крајот, но сите го запаметија моментот кога Португалецот веднаш по тој гол му пријде на момчето поздравувајќи го и заблагодарувајќи му се за „експресната реакција“.

„Сакам интелегентни момчиња кој се задолжени за топки, како што бев и јас. Бев брилијантен во тоа, а ова момче беше навистина одлично. Добро ја разбира играта и направи важна асистенција. Извонредно ја чита играта. Го барав да дојде во соблекувалната и со нас да ја прослави победата, но очигледно веднаш си заминал дома“ – рече Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот.

Но, 15-годишниот Калум ќе има за што да раскажува во иднина. Наскоро сигурно ќе има можност да го запознае подобро Мурињо и целата екипа. Воодушевени се и неговата мајка и татко…

„Бевме на стадион и видовме како Жозе му се приближува на Калум. Мислевме дека само ќе му дофрли нешто, но тие се прегрнаа. Потоа почнаа да ни звонат телефоните. Таа насмевка на лицето на Калум, тоа е незаборавно. Жозе направи неверојатен потег. Калум секогаш зборува дека седејќи покрај аут-линијата секогаш учи нешто ново од фудбалерите“ – истакнува мајката на Калум, Кили.

Возбуден секако и Калум…

„Жозе не мораше да го направи тоа, но ми пријде и да бидам искрен ми го разубави животот. Го сакам Тотенхем, а тоа беше момент кој никогаш нема да го заборавам во животот“ – вели Калум.

 

Се вчитува...