Калчолигашот Рома го совлада турскиот Башакшехир нагости со 0-3 и направи важен чекор кон пласманот во нок-аут фазата во Лигата на Европа. Стрелци на головите за римската волчица беа Џордан Веретут, Џастин Клајверт и Един Џеко.
Клајверт по натпреварот изјави дека голот и го посветува на мајка му која му ветила дека доколку постигне погодок таа ќе му купи лижавче.
„И реков на мајка ми дека ќе постигнам гол и ќе и го посветам на неа, а таа ми рече доколку се случи тоа ќе му купи лижавче“, изјави Клајверт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА