За организацијата на СП 2022, Катар ќе бара совети од Русија

Шефот на Инвестициската агенција за промоција на Катар, шеикот Али Ал Валид Ал Тани, најави дека ќе побара помош и совети од сите компании и институции кои биле вклучени во организацијата на Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година за поуспешно домаќинство на Мундијалот во 2022 година.

„Светското првенство во Русија беше феноменално и особено успешно од повеќе аспекти – од логистика и менаџмент до впечатокот кој го стекнаа сите кои беа во Русија и учесници и навивачи, но и оние кои шампионатот го следеа преку ТВ. Затоа сакаме да земеме пример од Русија и ќе соработуваме со сите што учествувале во организацијата. Нашите земји се долгогодишни соработници кога е спортот во прашање“ – вели шеикот.

Се очекува во Катар за време на СП да има околу еден милион навивачи на земјите учеснички. Катар е држава со 2,5 милиони жители. Државата гради голем дел од стадионите на кои е предвидено да бидат играни натпреварите.

 

 

Се вчитува...