„Штркчињата“ подобри и од Задар

Јуниорскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром ја забележа и втората победа на полуфиналниот турнир од АБА-лигата за играчи до 19 години, откако претпладнево, со сигурна игра во текот на сите 40 минути, го совлада домаќинот Задар (80-71).

Дарио Митевски беше најрасположен за поентирање и со 17 постигнати поени беше најефикасен. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Никола Кацарски со 16 и Никола Орлов со 13 поени.

Ова е втор триумф во низа за „штркчињата“, со оглед што во синоќешниот прв натпревар го совладаа Морнар од Бар. Следниот предизвик за МЗТ е најголемиот фаворит во групата, екипата на Црвена звезда, со која ќе ги одмерат силите вечерва со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...