Црвена Звезда во неверојатна завршница со кошот на Лоренцо Браун со звукот на сирената ја совлада Валенсија со 76-73. Сепак, од шпанскиот клуб се незадоволни од судењето на главните арбитри на мечот, бидејќи упатија жалба дека токму судиите се вистинските виновници на нивниот пораз.
Имено, на три минути и педесет секунди до крајот на мечот при позитива од три поени за гостите, судиите му поништија тројка на Гилем Вивес бидејќи топката го допрела горниот дел од таблата на кошот. Ситуацијата не беше проверена на повторена снимка, а Евролига денеска излезе со соопштение во кое ја потврдува грешката на судиите.
„Судиите неправилно го поништија кошот на Вивес, бидејќи шутот за три поени мораше да важи“, стои во соопштението од Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА