Актуелниот првак Манчестер Сити се сопна на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“ и ремизираше 2-2 против Њукасл. Ова му дава на Ливерпул можност со триумф над Брајтон дома да стигне до двоцифрена бодовна предност на врвот на табелата во Премиер – лигата.
Рахим Стерлинг во 22.минута ги доведе „граѓаните“ во водство, но само три минути подоцна израмни Џетро Вилемс. Во завршницата од мечот два прелрасни гола. Кевин Де Бруин во 82.минута постигна фантастичен гол, кога од 16 метри со помош на гредата ја закова топката зад грбот на Дубравка. Но, Џонџо Шелви и по вторпат донесе израмнување за Њукасл, со шут од 25 метри во 88.минута од дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА