Германецот Томас Дресен триумфираше на првиот спуст од Алпскиот светски скијачки куп и на најдобар можен начин се врати по повредата поради која паузираше речиси една година. За Дресен ова е трета победа во кариерата, сите три успеси му се во спуст. Тој имаше време од 1:46:81 минута. Две стотинки зад него на второто место заостана Италијанецот Доминик Парис додека третопласиран заврши Швајцарецот Карло Јанка. Утре во Лејк Луис скијачите ќе го возат првиот велеслалом во сезоната.
Италијанката Марта Басино дојде до првата победа во кариерата на трките од Светскиот куп со триумфот на вториот велеслалом од сезоната кој се одржа во Килингтон. Басино која претходно во кариерата имаше пет подиумски пласмани триумфираше со вкупно време од 1:38:19 минути што беше за 26 стотинки подобро од резултатот на сонародничката Федерика Брињоне. Третото место на подиумот и припадна на актелната шампионка во Светскиот куп, Американката Микаела Шифрин. Утре во Килингтон ќе се вози слалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА