Ненад Димитријевиќ и Хувентуд играат во извонредна форма во шпанскиот шампионат, каде тимот од Бадалона вечерва ја совлада екипата на Билбао со 97-86, за седма победа во низа во „Ендеса лигата“. Хувентуд одигра одличен меч, а пресудно беше беспрекорното издание во нападот на домашните кошаркари во второто полувреме, кога за 20 минути постигнаа дури 59 поени.
Македонскиот плејмејкер имаше проблеми со личните грешки, па одигра само 12 минути, период во кој постигна солидни осум поени (4/6 од поле), надополнети со четири асистенции и два скока.
Со овој триумф Димитријевиќ и соиграчите скокнаа на делба на четвртото место на табелата со Сан Пабло, зад Реал Мадрид, Барселона и Сарагоса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА