Мурињо со цитат на Нелсон Мандела го најави камбекот на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо една година по заминувањето од Манчестер Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“, овојпат како менаџер на Тотенхем. „Специјалниот“ сосема очекувано се наоѓа во центарот на вниманието на британската јавност, а во најавата на големото дерби Португалецот искористи и познат цитат на Нелсон Мандела.

„Јас некогаш никогаш не губам, или победувам или учам. Искрено, Јунајтед е во мојата книга на искуства, научив многу од моето време во Манчестер. Во Јунајтед победував и учев, а времето минато по заминувањето беше добро искористено“ – истакна Мурињо.

Португалецот не сакаше да даде подлабока анализа околу тоа колку поразлично игра Манчестер Јунајтед сега во однос на времето додека тој го водеше тимот.

„Не е моја работа да кажувам како игра Јунајтед сега, дали се подобри или послаби. Можам да ги анализирам како следен противник, да најдам начин да ги победам, но не сакам сега да навлегувам во детали“ – вели трофејниот стратег.

Се вчитува...