Шкендија ќе биде значително ослабена за утрешниот натпревар од четвртфиналето од Купот на Македонија против Работнички, откако Бесарт Ибраими отпадна од комбинација за настап на овој меч.
Тетовци по елиминацијата на Вардар интензивно се подготвуваат за новите предизвици во ова натпреварување, но за првиот меч со скопските „романтичари“ тренерот Ѓока нема да може да смета на Ибраими. Заморот се наведува како причина за ваквата одлука, а покрај најдобриот стрелец на тимот, против Работнички нема да настапи ниту Меџит Незири.
Првиот натпревар меѓу Шкендија и Работнички се игра утре со почеток во 13 часот на стадионот во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА