Португалецот Жозе Мурињо, сега како менаџер на Тотенхем, се врати на „Олд Трафорд“ во поразот на својот нов од Манчестер јунајтед со 2-1. Беше ова прв пораз за Тотенхем откако на клупата седна Мурињо кој пред доаѓањето во Лондон последниот свој ангажман го имаше токму во Јунајтед.
„Беше убаво, пристојно, токму како што очекував. Одличен приме од навивачите и вработените на Олд Трафорд по враќањето, но ете не успеав сето тоа да го зачинам и со победа. Ова беше чекор назад против екипата која има иста цел сезонава како и ние, место во Топ 6. Но, не смееме да кукаме веќе не чека нов тежок натпревар во сабота“ – истакна Мурињо осврнувајќи се и на Деле Али кој игра се подобро и подобро:
„Деле е се подобар, пружи добра партија, го дава максимумот. Што се однесува до Рашфорд кој ги постигна двата гола за противникот, добро знаев колку може да биде опасен и пред мечот им ги дадов на играчите најдобрите информации за него. Неговиот прв гол беше типичен за него со влез во средина. Нашите момци тоа многу добро го знаеја, но ете…“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

