Муслиу, Османи, Елмас… во изборот на најдобрите на ФФМ за 2019 година

Фудбалската Федерација на Македонија традиционално и оваа година го организира изборот на најдобрите во македонскиот фудбал за изминатата сезона.

Од ФФМ веќе преку официјалната страница овозможија и гласање за најдобрите во шест издвоени категории. Во изборот за најдобар фудбалер од Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2018/2019 се репрезентативецот Висар Муслиу кој со Шкендија стигна до шампионската титула, како и Владица Брдаровски до Вардар и Љупче Дориев од Академија Пандев.

Во изборот за најдобар тренер се Ќатип Османи кој ја освои шампионската титула со Шкендија, Александар Васоски од Вардар и Југослав Тренчовски од Академија Пандев.

Се очекува признанието за најдобар презентер на македонскиот фудбал во странство да го понесе фудбалерот на италијански Наполи, Елиф Елмас.

И љубителите на македонскиот фудбал ќе може директно да бидат вклучени во изборот на најдобрите за сезоната 2018/2019 преку гласање за шест категории на интернет-страницата на ФФМ, на следниот ЛИНК.

Се вчитува...