Хет-трик на Меси – Барса со „петарда“ за Мајорка, Трајковски во „аут“ поради повреда… (ВИДЕО)

Барселона сосема очекувано дојде до убедлива победа од 5-2 против Мајорка во 15. коло од Ла Лига со која се врати на врвот од табелата.

Хет-трик на мечот запиша Лионел Меси, а Каталонците уште во првото полувреме си ја завршија задачата со головите на Гризман, Меси во два наврати и еден на Луис Суарез кој го одбележа мечот…

Во второто полувреме, Меси во 83. минута го постигна својот трет гол за конечни 5-2, откако претходно Будимир двапати стрелаше за Мајорка.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој изминатиов период паузираше поради повреда во подготовките на тимот, воопшто не беше во комбинација за настап.

Се вчитува...