Обрадовиќ: НБА е мафија, можам да го кажам ова зошто не ме интересираат

Трофејниот кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, нема амбиции да работи во НБА лигата. Тоа го објаснува во интервју во кое уште и анализира за односот кој го имаат во најсилната кошаркарска конуренција во светот кон тренерите кои доаѓаат од Европа. Освојувачот на девет евролигашки титули потенцира дека е тенденција да не им се дозволува на европските стручњаци да работат во НБА.

„Таму нема европски тренери. Знаете зошто – затоа што НБА е мафија. Не им даваат на тренерите да работат и никој не зборува ништо за тоа. Имам пријатели во НБА, работиме заедно преку лето, во постојан контакт сме. Со должно почитување на НБА кој е најдобрата лига во светот, но многу европски тренери можат да работат таму. Мене лично не ме интересира таму да бидам тренер“ – вели Обрадовиќ.

Обрадовиќ вели дека се надева оти еден ден некој голем европски тренер ќе отиде во НБА и ќе им ги покаже вештините што ги имаат тренерите од Стариот континент. Тој вели дека многумина се веќе подготвени за овој предизвик.

 

 

 

Се вчитува...