Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, денешната одлука на Светската антидопинг агенција (ВАДА) за ја оцени како манифестација на хронична антируска хистерија.
„Факт е дека овие одлуки се повторуваат и често се применуваат на овие спортисти кои веќе за казнети на овој или на оној начин…Се чини дека станува збор за продолжение на антируската хистерија која веќе стана и хронична“, изјави Медведев за ТАСС.
Тој побара од сите релевантни организии во Русија да ја обжалат најновата одлука на ВАДА. Според неа, руската химна и знаме нема да бидат дозволени на Олимписките Игри во Токио 2020 година, како и на Светското првенство во фудбал во Катар две години подоцна. Сепак, спортистите кои ќе докажат дека не учествувале во допинг скандали ќе можат да се натпреваруваат на ОИ под посебни услови и под неутрално знаме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА