Американците тврдат дека Русија со мито го купила Мундијалот во 2018

Американското министерство за правда објави документ за кој се тврди дека докажува оти поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер добил мито од руски олигарх за Русуја да ја добие организацијата на Светското фудбалско првенство во 2018 година. Извештајот кој е на 430 страници е дел од истрагата на ФБИ за американските претседателски избори во 2016 година и во него е извештајот на британскиот истражител, Кристофер Стил кој тврди дека руски олигарх дал мито и со тоа ја купил организацијата на СП.

Името на претседателто на ФИФА не го пишува во извештајот, но може да се заклучи дека станува збор за Блатер со оглед дека перидот за кој се зборува се поклопува со неговиот претседателски мандат.

Блатер е под шестгодишна забрана за активности во фудбалот, со него како дел од големата корупциска истрага падна и Мишел Палтини кому му заврши суспензијата од четири години. Извештајот излегува само еден ден по суспензијата од четири години за учество и организација на големи настани шот ја доби Русија од ВАДА поради допинг скандалот.

 

 

 

 

 

Се вчитува...