Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, ќе мора да паузира уште десет дена од повредата на бицепсот, што значи дека „кралевите“ и во следниот период ќе бидат без еден од своите најдобри поединци.
Љуљ се очекува да се врати на терените на 22. декември за натпреварот против Андора во шпанската Ендеса лига. Тоа значи дека искусниот кошаркар ќе ги пропушти натпреварите од Евролигата против Армани, Басконија и против Олимпијакос. Сезонава Шпанецот просечно бележи по 9.4 поени и 3.8 асистенции по натпревар. Повредата на десната рака ја заработи на 24. ноември на натпреварот од шпанското првенство против Гран Канарија.
Реал Мадрид во моментов е на втората позиција во Евролигата со скор од девет победи и три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА