Унгарскиот клуб Веспрем дојде до убедлив триумф (35-24) во дуелот со Еурофарм Пелистер (35-24) во СЕХА-лигата. Домаќинот поведе со 6-0 уште на стартопт и беше јасно дека победата ќе остане во домашни раце.
На полувремето Веспрем веќе имаше убедливи 17-10, а потоа зголеми и на двоцифрена разлика (23-13). До крајот се беше само рутина за Веспрем, а битолскиот тим го доживеа шестиот пораз во низа.
Најдобри стрелци кај Веспрем беа Гајиќ и Нилсон со по пет гола, а Манасков, Штрлек и Борозан завршија со по четири погодоци. Кај Еурофарм Пелистер, Петровски даде четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА