Србија е на прагот да го освои првото место на кадетскиот ракометен турнир што се одржува во Скопје откако нашиот северен сосед стигна до нова победа над Македонија.
Откако српските кадети вчера триумфираа над Б-селекцијата на Македонија, тие денеска беа подобри и од нашиот А-состав, славејќи со резултат 28-25. Мечот го одбележа израмнета игра, а како пресудни се покажаа последните неколку минути, откако по израмнетите 25-25 „црвено-жолтите“ до крајот на мечот не постигнаа ниту еден, примија три гола и на крајот претрпеа пораз.
Утре во рамките од третиот натпреварувачки ден двете селекции на Македонија ќе се сретнат со БиХ, Б-тимот ќе го игра својот меч во 12 часот, а А-екипата во 20 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА