Димитријевиќ и Хувентуд го растурија Уникс Казан

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд вечерва го декласираа Уникс Казан во рамките од деветтото коло во Еврокупот (90-73), триумф со кој шпанскиот клуб успеа да се пласира во Топ 16 фазата од ова силно натпреварување.

Хувентуд на петтиот домашен натпревар ја забележа и петтата победа, овојпат над силниот ривал од кого загуби со 12 поени разлика во Русија, но вечерва успеа да ја надополни и таа негатива, како предност во случај двата тима да ја завршат групната фаза со идентичен скор на победи и порази. Како клучни се покажаа финишот од третата и почетокот на четвртата четвртина, период во кој и Димитријевиќ беше на теренот, кога Хувентуд успеа да се одлепи, стигнувајќи до двоцифрена предност што до крајот успеа уште повеќе да ја зголеми.

Македонскиот плејмејкер одигра 13 минути, период во кој реализираше пет поени, четири скока и четири асистенции.

Се вчитува...