Анадолу Ефес уште еднаш покажа дека во моментов е најдобар турски тим, откако во дербито го совлада Фенербахче нагости со лесни 73-81.
Домаќините беа подобри само во првиот период од мечот кој успеаја да го добијат со 22-20. Во втората четвртина со иста мера возвратија гостите, а на пауза се замина со нерешен резултат 38-38. Клучна беше третата четвртина во која гостите на избраниците на Желјко Обрадовиќ му дозволија само 11 поени и успеаја да стигнат до предност од 49-59. До крајот го контролираа мечот за конечен триумф од 73-81. Крунослав Симон со 22 поени беше најдобар поединец кај Ефес, додека Ларкин уфрли 20. Кај Фенербахче единствен расположен беше Дерик Вилијамс со 16 поени.
Химки беше убедлив против Алба Берлин со 104-87. Букер со 24 и Швед со 22 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај гостите Гиедраитис уфрли 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА